• За Ариљеметал

    Ариљеметал е специјализирана фирма за производство и трговија на врзувачки елементи од челик,месинг, како и алати за дупчење и режење на навој.
  • Врзувачки елементи од челик, инокс, месинг

    Располагаме со богат асортиман на завртки, навртки, подлошки, бургии, нитни, анкери и сл. Нашите производи се изработени според најстрогите DIN и ISO стандарди.
  • Стандардни и специјални врзувачки елементи

    Производство на специјални врзувачки елементи изработени со технологија на топло ковање, стругање, глодање, валање и сл. од различни видови на материјали со можност за изработка на голем опсег на димензии.
  • Анкери и типли за бетон

    Располагаме со комплетен асортиман на анкери и типли за бетон како и хемиски ампули со проверен квалитет и европски Атест.
  • Рачен алат

    Во својот асортиман НАЈНОВО што вклучувме се повеќе типови клучеви, клешти, навртувачи,чекани,алати за мерење, длета,ножици,пили,алати за електроника.
  • Блок заковки и блок навртки

    Технологијата на блок заковките овозможува заштеда на време и трошоци. Можноста да се спојат материјалите со пристап само од едната страна преставува значајна предност на оваа технологија.
 
 
 

Услови за користење

 

За да сме во можност успешно да ги обработиме Вашите нарачани прозводи, потребно е точно да ги пополните бараните датоци. Со помош на тие податоци ние ќе бидеме во можност да Ви ја испорачаме купената роба и услугите. Ариљеметал високо го цени односот кој го има со своите купувачи и одговорно е посветена во управување на информациите за корисниците. Големо внимание е насочено кон чување на личните информации, во согласност со постоечките закони за приватност и во склад со интерните стандарди и пракси. 

Цени
Цените кои се ставени на сајтот се крајни. Пресметан е ДДВ и осигурување на пратките. Транспортот на цела  територија на Република Македонија  е 200 денари.

Рокови на достава
По плаќањето на нарачката во е-Продавницата, за испорака на производите е потребно од 1 до 5 работни дена. Испораката на производите се врши исклучиво на територијата на Република Македонија и не може да се испорачува надвор од границите на земјата.

 

ПОЛИТИКИ И УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ


1. ПОЛИТИКА ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ НА КОРИСНИЦИТЕ НА КАРТИЧКИ

Ариљеметал ќе ги користи личните податоци во согласност со Законот за заштита на личните податоци и со други соодветни регулативи на Република Македонија. Нема да ги објави личните податоци пред ниедна трета страна, освен во случаи каде што тоа е дозволено или законски пропишано, со цел да ги искористи своите права или да ги заштити своите интереси или да постапи во согласност со судските наредби или други правни или регулативни потреби. Како лични податоци се сметаат: Име, Презиме, ЕМБГ, адреса, е-маил адреса и сл. Купувачот гарантира за точноста на внесените податоци. Ариљеметал не сноси никаква одговорност доколку внесените податоци не се точни.

2. ПОЛИТИКА ЗА ЗАШТИТА НА ДОВЕРЛИВИТЕ ПОДАТОЦИ И ИНФОРМАЦИИ

Ариљеметал ги превзема сите потребни мерки за заштита на личните податоци, со цел да спречи загуба, кражба и злоупотреба, како и неавторизиран пристап, промена или уништување. Ариљеметал за целото времетраење на трансакцијата нема увид во бројот, датумот, валидноста и сигурносниот код на вашата платежна картичка, ниту пак има пристап до било какви информации поврзани со вашата сметка во банка. Податоците се внесуваат на веб страната на процесинг центарот кој ги процесира трансакциите за on line плаќање.