Информации за регистрација

Кога првпат некој пристапува на страницата и влегува во категориите или почне да ги разгледува производите ќе забележи дека цените не му се достапни. За да можете да ги видите и да почнете со набавување, секој купувач ќе мора да се регистрира, а тоа го прави многу лесно, кликнувајќи на линкот – „регистрирај се“.

Откако еднаш корисникот се регистрира, добива корисничко име и лозинка што ги користи при секое влегување во продавницата на АРИЉЕМЕТАЛ.

Набавката на производите оди многу лесно т.е. со еден клик секој одбран производ се става во кошничка и при завршување со купувањето веднаш се влегува во системот на наплата. Овде, секој купувач сам го избира начинот на плаќање, односно дали ќе биде со профактура и плаќање по сметка или со платежна картичка. На регистрираната е- пошта веднаш се добива нотификација за тоа што купувачот одбрал и платил.

Достава на производите се врши наредниот работен ден, а трошокот за курирот се наплаќа согласно политиката на секој дистрибутер. Доколку се случи некој одбран производ моментално да не биде на лагер, т.е. во тој момент да го немаме производот, веднаш му се јавува на купувачот и лично се договараат за испораката на истиот.

Информации за плаќањето

Плаќањето во продавницата на АРИЉЕМЕТАЛ функционира на неколку начини:

  • плаќање со платежна картичка (доколку немате платежна картичка следете го линкот на халк банка за апликација).
  • плаќање по жиро сметка според нарачката (по завршувањето со купувањето на производите, на регистрираниот имејл, ви стига профактура за плаќање. По плаќањето на истата производите се испорачуваат).

Информации за испорака

Испораката на производите ја врши АРИЉЕМЕТАЛ преку курир или карго пошта.
Испораката на поголема опрема е секогаш по договор со купувачот.

Што ако купувачот не го превземе пакетот?

Доколку не сте достапни на напишаната адреса за достава, поштата или курирот го враќаат пакетот со производи кај нас. Со претходна телефонска проверка на нарачката се намалува ризикот за враќање на производите.

Гаранција на производите

Сите производи имаат фабричка гаранција која е наведена со лепенка или печат на кутијата од производот.

Со купување на опрема на купувачот му се издава писмена фабричка гаранција во која се наведени сите услови за важност на гаранција.